Од денеска, 5 февруари, ќе започнат подготвителните и градежните работи за реконструкција на дел од улицата „8ми Март“. Сообраќајот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на движење. Општина Велес со апел до граѓаните кои живеат или гравитираат во овој дел на градот да ја почитуваат поставената вертикална сигнализација и да покажат трпение и разбирање со цел непречено одвивање и навремено завршување на градежните работи.
Изведувач на градежните работи е Ескаватори – МК ДООЕЛ Скопје. Улицата „8ми Март“ е една од трите улици добиени во Тендер 6 – Градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во избрани општини согласно изработени основни проекти – Дел 2, инвестирани од страна на Министерството за транспорт и врски на РСМ.