Од утре, вторник (22.08.2023 година) започнуваат градежните работи за реконструкција на улиците околу Градскиот пазар „Петре Прличко“, „Кресненско востание“ и „Нада Бутникошарова“. Реконструкцијата на улиците ќе трае околу 4 месеци.
Сообраќајот ќе се одвива според времениот режим на сообраќај и одобрениот Сообраќаен проект.
Истовремено ќе се реконструира и улицата „8 Септември“. Градежните работи треба да завршат за 30 дена.