Градоначалникот Марко Колев денес изврши увид на градежните активности за изградба на модерен полигон за велосипеди ( PumpTrack) во Велес. Полигонот за велосипеди ќе биде на површина од 660 м2, и е совршено место за учење на основните вештини за возење на велосипед. Се наоѓа во Градскиот парк кај поранешниот скејт парк.

Дополнително, Општина Велес размислува на дополнување на останатиот дел од овој простор за иновативни велосипедски активности со што овој простор ќе биде пријатно катче за спорт и разонода за сите генерации. Со завршувањето на сите градежни активности, патеката за велосипеди се очекува да биде во функција во средината на месец декември.

За изградба на адреналинската патека за велосипедисти, се обезбедени 4.000.000 денари од буџетот на Општина Велес.