Градоначалникот Коцевски денеска оствари средба со учесниците на третата по ред Меѓународна скулпторска колонија, со што се означи  почетокот на колонијата.

Учесници на овогодинешната скулпторска колонија се Илко Стојанов од Велес кој воедно е и координатор на колонијата, Горан Ѓорев од Демир Капија, Горан Стаменков од Скопје, Никола Пијанманов од Струмица, Кирил Мукаетов од Кавадарци и Владо Костов од Скопје.

Уметниците ќе творат со рециклирано железо во своите работилници и атељеа, а нивните дела ќе ги красат јавните површини во градот.

Градоначалникот Коцевски, во името на Советот и на сите граѓанки и граѓани на Велес, ги поздрави учесниците и им посака лесни и креативни творечки денови во рамки на скулпторската колонија.

Учесниците кои се реномирани творци во скулпторската област, се заблагодарија за дадената можност да создадат врвни уметнички дела со кои ќе се гордеат жителите на Велес.

Поради актуелната состојба со  пандемијата, активностите и годинава ќе се реализираат според  сите протоколи за заштита од вирусот.