Со садење на 12 шестгодишни листопадни садници покрај новата пешачка патека на крајбрежјето на езеро Младост, Општина Велес го заокружи садењето за 2021 година. На денешното садење учествуваа градоначалникот Марко Колев, координаторите на советничките групи во Советот на општината, Марјанчо Николов и Димитар Абрашев, претседателката на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите Весна Атанасовска и директорот на ЈКП „Дервен Горан“ Наунчев.
На територијата на Општина Велес годинава засадени се 491 садници од ваков тип. Инаку годинешнавва акција за садење ја поддржаа бројни Здруженија на граѓани, поединци и политички партии кои засадија вкупно 1035 садници.
Во рамки на својата програма Шумско стопанство „Бабуна“ организираше масовна акција за садење на дрвца на опожарениот дел на езеро Младост, на која беа засадени 135.000 садници на 55 хектари површина.
Од јавниот оглас распишан на веб страницата на Општина Велес за доделување на повеќегодишни садници, ќе им бидат поделени 48 садници на правни и физички лица.
Општина Велес упатува голема благодарност до ЈКП „Дервен“ и ШС „Бабуна“ како и до сите граѓани и Здруженија кои зедоа активно учество во оплеменување и зазеленување на јавните површини во градот и езеро Младост.