Градежните работи за бетонирање на дел од улиците „Андон Шурков“ во близина на ССОУ „Коле Неделковски“ и улицата „Јован Басаров“ во населбата Превалец се завршени.
Бетонирањето на улицата „Андон Шурков“ е во вредност од 880.000 денари со ДДВ, додека за улицата „Јован Басаров“ во должина од 350 метри се потрошени 1.273.000 денари.
Двете улици се бетонирани со финансиски средства од буџетот на Општина Велес преку Програмата за уредување на градежно земјиште.