Повеќе од 200 млади ќе учествуваат на завршниот настан на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“„ што ќе се одржи во понеделник, 15 април, во Градскиот парк во Велес, со почеток во 12:00 часот. На настанот младите ќе имаат можност да дискутираат со градоначалникот Марко Колев, претставници од Советот на Општина Велес и од Локалниот младински совет за сите иницијативи кои произлегоа токму од нив во изминатите активности, реализирани во рамки на проектот. По завршувањето на дискусијата, младите ќе имаат можност да се забавуваат на настапот на Мики Секуловски.
Изминатиот период, во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ се реализираше средношколска дебата за 8 Март како потсетник за вистинската суштина и борба за родова еднаквост, се одржаа 5 работилници на кои се отворија темите за врсничко насилство, булинг, ментално здравје, конструктивни наративи и инклузија со 200 млади учесници од Општина Велес, а се одржаа и две тематски театарски претстави за 400 млади.
Проектот е финансиран од страна на Фондот за мир на Обединетите нации, имплементиран од страна на Општина Велес и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со УНФПА, УНЕСКО и UN Women.