Здружението на граѓани „Разбој”, Велес, во партнерство со Здружението на финансиски работници од Велес, денес во просториите на Европска куќа Велес, организираше завршен настан за проектот „Етно креативни работилници за заживување на старите занаети”, кој беше поддржан во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансиран од Европската унија (ЕУ), а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Општина Велес.
Преку организирана добротворна продажна акција на рачно изработени производи од страна на учесниците на овој проект, во текот на 2023 година, а во рамки на проектот беа реализирани пет обуки на темите грнчарство, копаничарство, столарство, ткаење и изработка на накит. Изложените производи беа предмет на продажба, а собраните средства орагнизаторите ги донираат за обнова на занаетчиска работилница на мајстор Столе Трајковиќ од с. Табановце, Куманово, која настрада во пожар.
Со овој завршен настан се заокружи повеќемесечниот процес на имплементација и реализација на проектот „Етно креативни работилници за заживување на старите занаети”, со единствена цел заживување на старите занаети, овозможување егзистенција на млади и невработени лица, афирмација на уметноста, традицијата и културното наследство на територијата на Општина Велес, со поголема вклученост на младите, кој го реализираше Здружението на граѓани „Разбој”, во партнерство со Здружението на финансиски работници од Велес.
Проектот ReLOaD 2 се спроведува во осум партнерски општини: Велес, Битола, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид и преку транспарентен пристап за финансирање на проекти на граѓанските организации се поттикнува поголема граѓанска вклученост во процесот на донесување одлуки со што се подобруваат услугите што се обезбедуваат на локално ниво.