Во рамки на проектот „Клуч за сопствен бизнис”, Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус” од Велес овој викенд организираше модна ревија на која пред присутните гости младите велешани кои беа дел од овој проект ги презентираа лично изработените креации. Истите на крајот од настанот беа понудени на заинтересираните присутни да ги откупат преку т.н. тајна аукција.
Проектот беше реализиран во минатите девет месеци, за модни креатори беа обучени шеесетина млади велешани, а резултатите беа прикажани на завршниот настан овој викенд.
Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус” овој проект го реализира во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансиран од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка и од Општина Велес.