Заврши чистењето на вториот дел од Отовичка река. Од почетокот на активностите за ревитализација и санација на езеро „Младост“ досега исчистени се околу 800 метри од речното корито со што требаше да се подобри пропусната способнсот на реката и да се намали наносот  што завршуваше во езерото.

Средствата за ревитализација на езерото се обезбедени од Општина Велес и Министерството за локална самоуправа- Биро за регионален развој, а проектот се реализираше преку Центарот за развој на Вардарски плански регион.