Со громогласен и долг аплауз верната велешка публика ги поздрави членовите на ансамблите и фолклорните друштва кои настапија на 18 по ред Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2023“. На четвртата фестивалска вечер фолклористите од Македонија и од земјите гости на фестивалот приредија вистинско доживување за публиката.
Атмосферата во амфитеатарот во Младинскиот парк потврди дека Интернационалниот фолклорен фестивал прерасна во традиционален културен настан кои велешани масовно го посетуваат.