Пет дена Велес пулсираше во ритамот на традицијата, културата и фолклорот. Заврши јубилејното издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2025“. Околу 600 играорци од 20 ансамбли на девет држави, на сцената на Амфитеатарот во Младински парк, преку игра и песна ја пренесоа културата и традицијата на земјата од каде што доаѓаат. Вистинско доживување и уживање беа специфичните танци на играорците од Чиле, Мексико, Литванија, Турција и на сите останати учесници кои приредија вистински спектакл од бои, звуци и традиција. Многубројната верна публика уживаше и ги наградуваше со силен аплауз и овации.
Општина Велес изразува огромна благодарност до организаторите кои и годинава успешно ги обединија различностите на фолклорниот фестивал.
















