Заврши петтото издание на театарскиот фестивал „5ре“ посветен на Петре Прличко. Во преполната сала на велешки театар, вчеравечер, се доделија наградите за најдобите театарски остварувања на фестивалот. За најдобра женска улога беше наградена актерката Јована Спасиќ за улогата Офелија во драмата „Куршуми над Бродвеј“.  Актерот Александар Радуловиќ од црногорско народно позориште – Подгорица, Црна Гора ја доби наградата за најдобра машка улога во претставата „Другата страна“. Награди за најдобри споредни улоги добија актерите Сашо Тасевски и Тања Кочовска. Гран при наградата и беше доделена на претставата „Другата страна“ во изведба на гостите од Црна Гора, а изборот на публиката падна на претсавата „Аматери “ во изведба на Театар Комедија.

Во чест на наградените се одигра монодрамата „Сите најубави нешта“ во која маестралниот Игор Ангелов говореше за тешка тема на невообичаен и интерактивен начин.

Театарскиот фестивал „5ре“ претставува значаен културен настан кој ја слави уметноста на театарот и богатото наследство што легендарниот актер го остави зад себе.