Викендов заврши вториот Детски турнир во мал фудбал за млади надежи. По одиграни неколкудневни натпревари во органзиација на Панче Нанев и Општина Велес се прогласија и победниците на турнирот. Екипата на Борец успешно ја одбрани шампионската титула и го освои златниот медал откако во финалето го совлада Осогово од Крива Паланка по изведување пенали.
Натпреварот за третото место донесе неизвесна борба меѓу Њу Старс и Тополка, каде што Њу Старс победи со 3:2 и го освои третото место на турнирот.
Детсклиот турнир во фудбал беше вистинско доживување и уживање за сите љубители на фудбалот, а Велес може да се гордее со многу млади надежни таленти.











