Преку спортско – едукативна работилница со дечињата од ОЈУДГ “Димче Мирчев” го одбележавме почетокот на Европската недела на мобилност која ќе трае до 22 септември. Најмладите уживаа во активностите изведени во соработка со Спортската академија “Јуниор” од Велес на детското игралиште „Дворови“, Велес. Децата пред присутните укажаа на потребата од подигнување на свеста за водење на здрав живот и зачувување на животната средина.

Другаруваме и спортуваме за здрави деца и здрава иднина!

Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании кои донираа спортски реквизити наменети за општинските основни и средни училишта.

Партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2025 во Велес се „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, Министерство за животна средина и просторно планирање, ОЈУДГ „Димче Мирчев”, МВР-СВР Велес, Младински центар Велес и ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес.

Општина Велес ги повикува сите жители да се придружат на планираните активности во рамките на Европската недела на мобилност.

Детални информации за секој настан можат да се најдат на официјалната веб страница на Општина Велес.