Изминативе денови Локалниот совет за превенција од детско престапништво излезе на градските улици во соработка со СВР и спроведе акција во рамките на планираните активности од својата годишната програма.
Имено, тимови на членови од Советот реализираа теренска акција за превенција од прекршување на законската обврска за носење на заштитни шлемови кај возачите кои управуваат со моторни возила.
Во разговор со несовесните возачи им беше посочена важноста од почитувањето на оваа мерка која освен што е законска обврска претставува и важна мерка за нивна лична самозаштита при пад од возилото.
Советот и во следниот период ќе продолжи да реализира слични активности со цел подигнување на свеста за сообраќајна култура кај учесниците во сообраќајот во однос на можните ризици од непочитувањето на сообраќајните правила и прописи кои може лесно да доведат до фатални последици по возачите и совозачите.
Советот упатува благодарност до припадниците на СВР, Хазис Џемаили и Иванче Давитков за стручната помош при изведувањето на акцијата.