Од денес до 20 септември 2021 година во Општина Велес ќе трае постапката на прибирање предлози, проекти, сугестии за креирање на програмите на општината: локален економски развој, образование, култура, социјална заштита, здравство, спорт, заштита на животна средина, соработка со граѓанските организации, поточно во сите области во кои општината има надлежност.
Образецот за аплицирање е достапен на интернет страната на општината за сите граѓански организации, фондации, спортски клубови, културно уметнички друштва.
По завршување на рокот за прибирање предлози и проекти ќе се изготват нацрт-програми што ќе бидат на увид на граѓаните и по кои ќе се водат јавни расправи пред тие да станат официјален документ за работа на општината за 2022 година.