Почитувани,
Општина Велес ве известува дека согласно член 55 став 3 од Законот за превоз во патниот сообраќај, такси возилата кои имаат лиценца и Извод од лиценца за вршење такси превоз, означени се покрај другото и со жолта регистерска таблица.
Времетрањето на промена во жолта регистерска таблица би траел до една година.
За да препознаете кое такси возило ја има потребната документација за легално вршење на такси превоз, треба да внимавате на следните ознаки на истото:
– Возилото треба да е во жолта боја;
– На предното ветробранско стакло да го има поставено изводот од лиценца;
– На покривот од возилото да има такси табла, а на предните странични врати да биде означено со налепница со бројот на изводот од лиценца;
– Да има вграден таксиметар;
– Во авто такси возилото задолжително на видно место треба да биде истакнат ценовникот со утврдени тарифи за чинење на превозот донесени од Советот на Општина Велес,.
Општина Велес упатува апел до корисниците на такси превозот, да ги користат услугите на такси превозниците кои врз основа на потребната документација вршат легален такси превоз, од причина што истите задолжително при регистрирање на возилото имаат осигурување и за патниците кои се превезуваат во истото.