Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на:
Подносител на барањето:
Друштво за производство на предиво и конец “ВЕТЕКС” АД Велес за инсталациja за oбработка на памук и синтетички влакна и производство на предиво и различни видови на конци со производствен капацитет од 2,5 т/ден.
Седиште на операторот:
ул.“Вардарска” бр.50, Велес
Локација на инсталацијата:
ул.“Варадарска” бр.50, Велес
Контакт лице:
Ѓоше Митев – овластено лице за животна средина,
Категорија на инсталација:
Точка 6.2 Инсталации за претходна обработка (операции како што се мење, белење, мерцеризирање) или боење на влакна или на ткаенини, со капацитет на обработка од 1 т/ден до 10 т/ден
Б-Интегрирана еколошка дозвола e објавена на увид на заинтересираната јавност на www.veles.gov.mk
Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски