„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ е пристапот кон младинските проблеми по кој здружението „Младите можат“ од Скопје го имплементираше проектот „Младински локални иницијативи“ во Велес и во Кочани во изминатата година. Во рамките на овој проект група од десетина млади луѓе- средношколци наречени „Младинска локална инцијатива во Велес“ извршија анкета во Општина Велес за учеството на младите во креирањето на младинските политики.
Оваа група самоиницијативно организираше повеќе настани во тесна соработка со Општина Велес (јавна трибина „Нашата волонтерска приказна“, работилница за идентификување на проблемите на младите во општината, филмска вечер како и акција за разубавување на фасадата на Домот на невладини организации преку изработка на графити).
На денешниот завршен настан беше истакната одличната соработка и отвореност на Општина Велес која ја покажа кон сите акции кои ги реализираа младите средношколци од Велес. Општина Велес останува силен поддржувач на сите квалитетни и издржани идеи произлезени од младите кои се во насока на подобрување на квалитетот на животот во заедницата.