Девет компјутери доби подрачното училиште на ООУ „Васил Главинов” во село Сливник. Компјутерите ги донираше АД „Алајанс Уан” од Кавадарци и чинат 197.000,00 денари. Осумдесет и осумте ученици од прво до петто одделение ќе имаат можност непречено да ја следат наставата по информатика и останатите предмети.
Предавањето на компјутерите го изврши градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Тој изрази голема благодарност до донаторот и истакна дека овој пример треба да го следат и други општествено одговорни компании.
Претставникот на донаторската компанија, Орданче Николов истакна дека и во иднина, со големо задоволство, ќе донираат компјутери на оние училишта каде што недостасуваат.
Од подрачното училиште се заблагодарија на донацијата и велат дека стигнала во вистинско време, кога учениците поделени во повеќе групи поради пандемијата, ќе можат без каков било проблем, да ја следат наставата на копјутер.
Инаку ова се првите компјутери во подрачното училиште во село Сливник.