Промоција на творештвото и издаваштвото на членовите на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, денес се одржа во градската библиотека „Гоце Делчев”.
Во рамките на денешниот настан кој е поддржан од Општина Велес се промовираа сите дела кои клубот ги има издадено во последните пет години, а беше претсавено и творештвото на членовите на клубот кои оваа година имаат издадено нови книги.
Пред присутните се презентираа последните четири броја од списанието за култура „Велес” како и петте зборника „Велешки поетски пулсирања” кои содржат дела напишани од роднокрајни поети и од ученици од средните општински училишта. Исто така беше промовирана и книгата „Новогодишни мечти“ која содржи текстови од талентирани ученици од сите основни општински училишта. Во соработка пак, со Општинската организација на Црвен крст, во 2018 година, Клубот ја издаде збирката „Капка крв живот значи“.

„Клубот има издадено и уште околу педесетина изданија со проза и поезија. Истите ја збогатуваат културната ризница на нашиот град и татковина”, истакна во своето поздравно обраќање Лили Арсова, претседателка на Клубот на писатели.
Програмата беше збогатена со поетските рецитали на ученици а со свој музички перформанс се претставија младите талентирани музичари од општинското музичко училиште „Стефан Гајдов“ од Велес.