Старата и дотрајана водоводна мрежа на улица „Благој Јосмов“ се заменува со нова. Во тек се активности за поставување на нова водоводна линија со приклучок до домовите на граѓаните што живеат на улицата.
Реконструкцијата на водоводната линија се реализира со финансиски средства од Министерството за транспорт и врски и улицата е една од деветте во градот на кои ќе се врши реконструкција на водоводните линии со средства од министерството.
Градоначалникот Колев и претседателот на Советот на Општина Велес Зоран Љутков денеска ја посетија улицата на која се врши реконструкција на водоводната мрежа.
Истовремено се гради секундарна линија од фекална канализација, шахти и приклучоци во населеното место Отовица. Средствата предвидени за изградба се во висина од 500.000 денари од буџетот на Општина Велес, а градежните работи ги изведува фирмата Изгрев Инженеринг.