Општина Велес ја известува јавноста дека во соработка со ЈКП „Дервен” и Територијалната противпожарна единица од Велес, во текот на денешниот ден врши вонредно дезинфицирање на поголемите и фреквентни улици во градот, јавно-прометните површини, односно просторите пред сите поголеми маркети, железничката станица, пазарот во Нова населба, плоштадите „С’рмаале”, „Којник” и „Панко Брашнаров”, просторот пред комплексот банки во централното градско подрачје, градскиот парк вклучително и рекреативната патека, Младинскиот парк, улиците „Благој Ѓорев” и „8 Септември” заедно со тротоарите, улиците „Максим Горки”, „Вера Циривири” и „Димитар Влахов”.
Денешното дезинфицирање е во рамки на активностите за преземање мерки за заштита на населението од ширење на Корона вирусот.