Општина Велес организира граѓанска акција за пошумување на опожарениот дел на Езеро Младост која ќе се реализира на 12 декември 2020 година (сабота), на површина од 10 хектари. За таа цел Општината обезбеди 12 000 садници.
Во акцијата ќе земат учество: вработените во Општина Велес, јавните претпријатија и други општински институции и Здруженија на граѓани.
Општина Велес обезбеди организиран превоз.
Автобусите ќе тргнуваат:
- во 10.15 часот на автобуска постојка спроти “ПАН ТАКСИ”;
- во 10.30 часот на ул. “Гоце Делчев” спроти Основен суд.
Зборно место за учесниците кои ќе дојдат со сопствен превоз е на првите летниковци на Eзeро Младост, во 11.00 часот.
Почитувани сограѓани, придружете ни се во активностите за ревитализација на нашето Езеро Младост.
Носењето маска и држењето дистанца се задолжителни.
Бројот на места во автобусите ќе биде ограничен согласно протоколите за заштита од КОВИД-19.
Поради лизгавост на земјиштето, пожелно е да носите соодветни обувки.
Со почит,
Општина Велес