Почитувани,

Општина Велес упатува апел до сите посетители на езерото „Младост”,  љубителите на природата, воедно до сите граѓани од целата држава, за совесно и соодветно однесување кога се наоѓаат на просторот на рекреативниот центар „Езеро Младост”.

Сите пропратни содржини околу езерото (патеки пополочени со камен, летниковци, клупи, зелени површини и слично) се подеднакво наменети за сите посетители на рекреативниот центар, без разлика од каде доаѓаат, но истовремено треба истите наменски да се користат.

Неодговорни посетители-возачи своите моторни возила ги паркираат на новоизградената асфалтна пешачка патека покрај брегот на езерото, а со тоа ја загрозуваат безбедноста на пешаците, кои се приморани да го користат коловозот, како и исто така ја оштетуваат и патеката, којашто не е проектирана и изведена за да го издржи тешкиот товар од возилата.

Во тек е реализација на проектот „Паметно езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција во Македонија” чиишто пропратни содржини се сè уште во изградба и затоа е потребно да се почитуваат прописите, како и свеста кај сите посетители да биде подигната на високо ниво, со цел зачувување на направеното и вложеното за сегашните и идни генерации.