Водата во Езерото Младост е исправна за капење и рекреација, покажуваат последните тестирања на Центарот за јавно здравје во Велес. Направени се хемиски и микробиолошки тестирања на мострa земена од Плажа број 1 и според добиените резултати параметрите се во границите на максимално дозволените граници.
Резултатите од лабораториските анализи на мостри земени од водата на Градска плажа бр.1, покажуваат дека во однос на микробиолошките индикатори, водата е исправна, додека според физичко-хемиските параметри водата по матност е во 3-та, а по однос на другите параметри е во 2-ра и 1-ва класа.
Водата во река Бабуна не е дозволена за капење затоа што анализите на Центарот за јавно здравје, направени на мостри земени на мерно место Плажа 1, покажуваат дека е бактериолошки неисправна и е во 3-та класа. По другите параметри водата во река Бабуна е во 2-ра и во 1-ва класа и не може да се користи за капење и рекреација и за наводнување на земјоделски површини.