Денес, во раните утрински часови, започна реализацијата на есенската дератизација на јавни површини и јавни објекти кои се во надлежност на Општина Велес.Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со општинската програма за здравствена заштита за 2019 година.
Имено,ова е редовна дератизација која се врши два пати годишно ,во пролетниот и есенскиот период.Во следните неколку дена ќе биде опфатена површина од 150.000 м2, односно сите јавни површини во градот како и двата брега на реката Вардар, од Башино село до компанијата Агриа.
Во текот на денешниот ден беа третирани: Градскиот парк, Градскиот стадион, паркот „Каршијака“, зелената површина кај ЈЗУ „Здраствен дом“, Младинскиот парк, паркот кај Гимназијата „Кочо Рацин“, Железничка станица, паркот на Општина Велес, отворениот канал спроти ООУ „Васил Главинов“, паркот кај ООУ „Васил Главинов“, зелената површина кај споменикот на „Алексо Демниевски Бауман“, игралиштето и паркот во населбата „Тунел“, малиот пазар во Нова населба и Градскиот пазар.
Општина Велес ги известува граѓаните дека материјалот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите и затоа не преставува опасност за останатиот животински свет.