На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста во врска со уписот на ученици во оваa учебна година во прво одделение.
„Во споредба од минатата година во основните училишта лани учеле 4500 ученици, а во оваа година 4466, што значи дека сме имале 34 помалку ученици годинава, а кога се прави споредба во однос на минатата и оваа година за бројот на завршени ученици во деветто одделение, лани завршиле 464, а годинава 433, што е вкупно 31 помалку завршени годинава, а тоа покажува дека трендот на опаѓање на бројот на ученици продолжува” изјави Коцевски.
„Кога се во прашање средните општински училишта лани имало вкупно 2093 ученици, а годинава 2023, што значи дека годинава имаме помалку 70 ученика, а кога е во прашање споредбата за завршени ученици со III и IV степен на средно образование, лани имало 554, а годинава 419, разликата е 135 ученици помалку годинава” рече Коцевски.
До вчера (10 јуни), бројот на ученици кои се регистрирани како запишани во општинските основни училишта на територија на Општина Велес е следниот: ООУ „Панко Брашнаров”, 44, ООУ „Св. Кирил и Методиј”, 26, ООУ „Блаже Конески”, 47, ООУ „Васил Главинов”, 60, ООУ „Рајко Жинзифов”, 25 и ООУ „Стојан Бурчевски Буридан”, 7 или вкупно се запишани 209 ученици.
Конкурсот за упис на ученици во прво одделение за учебната 2019/2020 година ќе трае до крајот на месец јуни.