Општина Велес ги известува граѓаните дека од денес, (петок) 6 декември 2019 година, започна со градежни работи во месноста Дворови (на потегот на патеката која води од народната кујна кон Железен мост).
Се вршат земјени работи, тампонирање и бетонирање, односно градежни работи за уредување на просторот, а истите ќе се реализираат во рок од десет денови.
Во интерес на безбедно и квалитетно изведување на градежните работи, Општина Велес апелира до граѓаните за разбирање, како и да ги отстранат своите моторни возила од овој простор.