Организацискиот Одбор на 57. меѓународна културна манифестација „Рацинови Средби” ја одржа втората седница, во проширен состав, на која присуствуваа и надворешните соработници Сашо Димоски, театролог и вршител на должност директор на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” и Игор Крајчев, поет, соопшти пред јавноста градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.
„Во конструктивен разговор, работната група работеше според Дневниот ред и размени мислења во врска со програмските активности, начинот на реализација и новиот концепт на одржување на манифестацијата, при што се обврза во наредните 15тина денови да изготви предлог-програма на манифестацијата, задржувајќи го традиционалниот начин на организирање, секако доколку дозволуваат мерките за организирање настани во затворен простор, како и воведување нови содржини, согласно приликите на актуелната состојба со Ковид -19” рече Коцевски.