Почитувани сограѓанки и сограѓани, православни верници,
Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес, Ви го честитам Божиќ – денот на Христовото раѓање.
Посакувам празничните денови да ги минете во духот на христијанските пораки за мир и разбирање меѓу луѓето. Во сечиј дом да донесат светлина и надеж за подобро утре. Да ја споделуваме божиќната радост со најблиските и секој ден да правиме добри дела за благодет на сите нас. Да шириме љубов, толеранција и трпение, еден со друг да се почитуваме и меѓусебно разбираме. Овие вредности да ги негуваме и споделуваме со нашите семејства и со нашата заедница.
Со овие мисли, Ви посакувам Божиќните празници да ги поминете во добро празнично расположение во кругот на најблиските, исполнети со мир, топлина и благосостојба, а личната среќа и успех да бидат дел од просперитетот на целата заедница.
Нека е честит и благословен големиот христијански празник, Божиќ.
Христос се роди.
Со почит,
Аце Коцевски,
Градоначалник на Општина Велес