Во индустриската зона Мамутчево заврши првата фаза од изградбата на систем за водоснабдување во индустриската зона. Во првата фаза се изведе резервоарски простор со зафатнина од 500м3.

Градежните работи ги изведе компанијата „Евро Инженеринг“ ДООЕЛ Велес, а надзорот „ИНТЕРГРАДБА Ла“. Вредноста на инвестицијата изнесува 8.6 милиони денари. 6.9 милиони обезбеди Центарот за развој на Вардарскиот плански регион од Бирото за регионален развој, а 1.7 милиони денари се учество на Општина Велес.

На терен, започнаа работите за изведба на втората фаза од проектот во која ќе се изгради потисен и доводен цевковод до Индустриската зона „Мамутчево“. Вкупната вредност на инвестицијата во оваа фаза е околу 9,5 милиони денари.

Над 4.5 милиони се обезбедени од Бирото за регионален развој преку Центарот за развој на Вардарски пласнки регион. Општина Велес ќе учествува со 3,5 милиони денари. Проектот значително ќе ги подобри условите за инвестиции и економски развој во Индустриската зона „Мамутчево“.