Во чест на националниот празник Илинден, Денот на Републиката, а во рамки на Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” вечерва на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк, се прикажа филмот „Републиката во пламен”.
Поради актуелната ситуација со Ковид-19 сите настани и активности се реализираат согласно објавените протоколи за почитување на препорачаните мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот.
Во вторник (4 август 2020), во амфитеатарот во Младинскиот парк, со почеток во 20:00 часот продолжува Велешкото културно лето со концертот „Евергрин поп-рок сцена”, а ќе настапат Тринити бенд и R‘n‘B Neighbors.