Врз основа на член 62 став 10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, … и 32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавен увид по
Урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП бр. 3010/1, KO Оризари, согласно Општ акт за уредување на услови за начинот на градење во село Горно Оризари, Општина Велес за кое нема урбанистички план (Одлука бр. 27-1080/7 од 13.02.2015 година)
Граници на опфатот за КП бр.3010/1, КО Оризари се:
– на југоисточна страна опфатот се граничи со КП 3010/2,
– на северозападна страна граничи со КП 3008/5,
– на североисточна страна опфатот граничи со 3022/1,
– на југозападна страна опфатот се граничи со КП 3011/1.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 1 047м2.
Јавниот увид по Урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП бр. 3010/1, KO Оризари, согласно Општ акт за уредување на услови за начинот на градење во село Горно Оризари, Општина Велес за кое нема урбанистички план (Одлука бр. 27-1080/7 од 13.02.2015 година), ќе се спроведе со објавување на службената веб страна на Општина Велес.
Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 20.05 до 03.06.2021 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk).
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.