Врз основа на член 62 став 10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, … и 32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавен увид по

Урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП бр.1052, KO Отовица

Границата на проектниот опфат на Урбанистичко проектна документација, за формирање на градежна парцела, е дефинирана:

  • на северозапад опфатот се граничи со КП 1006/1, улица
  • на североисток опфатот граничи со КП 950 и КП 1055, земјиште на РМ
  • на југоисток опфатот граничи со КП 1052/2
  • на југозапад опфатот граничи со КП 1058

Формирањето на градежната парцела се предвидува на дел од од постоечката КП бр.1052/1 со површина 845.98 м2.

Јавниот увид по Урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП бр.1052, KO Отовица, ќе се спроведе со објавување на службената веб страна на Општина Велес.

Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 23.06 до 07.07.2021 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk).

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.