Градоначалникот Колев оствари работна средба со муфтијата Нејаз Еф. Мурати. Муфтијата му ја честиташе новата функција на Градоначалникот и му посака успешна и плодна работа во наредните четири години.
На средбата се разговараше за активностите на велешкото муфтиство на Исламската верска заедница, како и за продолжување и интензивирање на соработката помеѓу локалната самоуправа и Исламската верска заедница.