Почитувани граѓани,
Со цел активно да придонесеме за унапредување на квалитетот на нашиот и животот на новите генерации, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведуваат традиционалната есенска акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема чие оставање на јавни површини е забрането со закон.
Искористете ја можноста овој вид на отпад да го отстраните од Вашите домови.
Акцијата ќе се одвива од 1 ноември до 1 декември 2019 година.
Електронскиот отпад можете да го пријавите секој работен ден, на телефонскиот број 043/233768, во периодот од 7 до 15 часот и сабота од 7 до 12 часот.
Услугата е бесплатна.
Во отпад од електрична и електронска опрема спаѓа:
1. големи домашни апарати (фрижидер, електричен шпорет, машина за перење, клима уред)
2. мали домашни апарати (пегла, правосмукалка, тостер, фен)
3. опрема за информатичка технологија и телекомуникации (компјутер, печатач, фиксен и мобилен телефон)
4. опрема за широка потрошувачка и забавна електроника (радио,телевизор,камера,музички инструменти)
5. опрема за осветлување (неонки, сијалици, расветни тела)
6. електрични и електронски апарати (бушалици, пили, машина за шиење)
7. електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт (видеоигри, справи за вежби)
8. медицински апарати
9. инструменти за следење и контрола (детектори за дим, термостати)
10. автомати (за издавање топли напитоци, за издавање пари)
11. кабли, адаптери, полначи за мобилни телефони
Заедно со Вас до почист и побезбеден Велес !
Ви благодариме за соработката !
Општина Велес
ЈКП „Дервен