Јавното претпријатие „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес, објавува дека официјалниот старт на пливачката сезона за сите посетители започнува на 13 јули 2022 година (среда) во 09.00 часот.
Ве покануваме сите граѓани на Велес и околните општини, да уживате и освежувате во летото на Градски базен Велес, секој ден од 09.00 до 19.00 часот.
Цените за дневна влезница е 60,00 денари, истата се добива при влез на градски базен.
Цените за триесет дневен билет е 1.200,00 денари и за сезонски билет 1.800,00 денари, истите се добиваат во спортската сала „Гемиџии“ секој работен ден од 08.00 до 15.00 часот.
За деца до 5 годишна возраст е влезот е СЛОБОДЕН!
Оваа сезона покрај пливањето, Ве очекуваат и бесплатни рекреативни активности за пинг – понг, баскет и мал фудбал.
Ве очекуваме!