Во организација на месната заедница Бузалково со поддршка на Општина Велес и Федерацијата на пеливанското борење денес на спортското игралиште во Раштани се одржа дванаесеттиот Турнир на Пеливани Бузалково 2019.
На турнирот учествуваа триесетина пеливани кои се натпреваруваа во повеќе категории.
Турнирот го отвори Ненад Коциќ, претседател на Советот на Општина Велес.
„Македонија е мозаик од различни вери, нации и традиции, тоа е наше богатсво, но и обврска која треба да ја негуваме“, порача Коциќ пред присутните.
Настанот традиционално започна со музичка програма и со борби на најмладите од 10 годишна возраст кои се иднината на овој етно-спорт.
На зелениот терен најуспешни беа следниве натпреварувачи:
Прва категорија: Рамазан Бакиу од Бузалково
Втора категорија: Дејан Митров, Штип
Трета категорија: Бајрам Хајдари, Скопје
Четврта категорија: Арбен Абази, Скопје
Турнирот се одржа во рамките на официјалната програма за 9 Ноември, Денот на Општина Велес.