„Сите основни и средни општински училишта ги почитуваат насоките и препораките кои јас им ги упатив како градоначалник и не организираат сликање на ученици од деветто одделение и ученици од четврта година” истакна градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.
Тој додаде дека уписот на првачињата е во тек и според информациите и изјавите на директорите на училиштата се одвива бавно затоа што родителите треба да ги однесат децата на систематски и стоматолошки прегледи, пропишани според Законот за основно образование. При уписот на идните првачиња родителите се должни да поднесат потврди од овие прегледи, но поради вонредната состојба со Ковид-19, ЈЗУ Здравствен дом од Велес работи според пропишаните протоколи, па затоа издавањето на потврдите се одвива бавно.