Драги млади, 

Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните Ви го честитам 12 август, Меѓународниот ден на младите.

Вие сте двигателот на промените во општеството,  носечкиот столб на нашата заедница.  Вашиот младешки потенцијал треба да се развива кон развој на позитивните вредности.

Само со Вас, Вашата креативност и младешки ентузијазам можеме да се надеваме дека Велес ќе се развива како посакувано место за живеење за сите генерации. Вие сте оние кои најмногу може да придонесат за остварување на визијата на Велес како град со развиена локална економија и перспективи за личен и професионален развој на секој млад човек. 

Општина Велес останува и понатаму отворена за сите Ваши идеи и предлози за иднио заеднички активности за зајакнување на младинското учество во развојот на општината. 

Со почит,
Аце Коцевски
Градоначалник на Општина Велес