Почитувани сограѓанки и сограѓани,
Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес, Ви го честитам 8 Септември, Денот на независноста. Посакувам овој ден да донесе нови и големи успеси за секого од Вас и Вашите блиски, како на приватен, така и на професионален план.

Општина Велес пред себе постави цврсто зацртани цели и има јасна визија за развојот на Велес – градот на македонската авангарда и напредок. Гледајќи напред, Ве охрабрувам и повикувам, сплотени заедно како нација и држава, а пред сè, како сограѓани, посветено да чекориме по патот кон попросперитетен Велес со поквалитетен живот и посреќни граѓани меѓу кои ќе преовладуваат хуманоста, солидарноста и заедништвото за доброто на сите.

Со почит,

Аце Коцевски
Градоначалник
на Општина Велес