Врз основа на Одлуката за определување на максимален износ  за доделување на поединечна субвенција за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019година, а согласно Правилникот  за начинот на користење на финансиските средства од Буџетот на општина велес за субвенционирање на грашани од подрачјето на Општина Велес  кои набавиле енергетско ефикасни грејни тела („Службен гласник на Општина Велес  бр. 15/19),

Општина Велес  објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на територија
на Општина Велес за набавка енергетски ефикасно грејно тело
за 2019 година

1. ВОВЕД

1.1.Општина Велес , со цел да ги стимулира жителите (домаќинствата) за

примена на почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат  енергетски ефикасно грејно тело  од денот на објавување на Јавниот повик ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на  енергетски ефикасно грејно тело од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на  енергетски ефикасно грејно тело. 

Предност ќе имат семејствата со невработен(и) родител(и), корисници на социјална помош, семејства со член од маргинализирана група, инвалидизирано или хендикепирано лице, како и самохран родител. Не се ограничуват и другите семејства, корисници на печки на дрва, нафта или јаглен да аплицират на повикот. 

Финансиските средства  утврдени со Одлука од Советот  се доделуваат до целосно исцрпување на истите од Буцетот на општината определени за таа намена.

2.РОКОВИ

2.1. Јавниот повик трае од денот на објавувањето во Службено гласило на општина Велес  до 25.10.2019 година до кога можат да се доставуваат барањата-апликации.

2.2. јавниот повик  ќе се реализира до исцрпување на предвидените финансиски средства  за оваа намена или најдоцна до 15.12.2019година,

2.3.Јавниот повик ќе биде објавен на ВЕБ страната на општината  и огласната табла, како и во елетронските медиуми на територијата на Општина Велес.

2.4. Со исцрпувањето на сите предвидени финансиски средства за оваа намена, Општина Велес  ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на рокот за кој е објавен.

2.5. На барателот ќе му се надоместуваат дел од трошоците направени при набавката на  енергетски ефикасно грејно тело  во висина од 70%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

3. УСЛОВИ

3.1.Услови што треба да ги исполни барателот:

– да е жител на општина Велес

– да нема добиено финансиски средства за набавка на енергетски ефикасно грејно тело   од било кој извор во Република  Северна Македонија: (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ);

– до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут;

– новото  енергетски ефикасно грејно тело   да го  купил од денот на објавување до денот на завршување на Јавниот повик и истата да биде инсталирана на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;

– станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;

– само едно лице од домаќинство може да поднесе барање за добивање на надоместок.

– Предност за добивање на субвенциите ќе имаат семејства со помали приходи по член на семејство

Доколку барателот не ги исполнува горе неведените услови,  барање ќе биде одбиено.

3.2.Барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес  или од интернет страната на општина Велес: www.veles.gov.mk);

3.3.Кон барањето треба да се приложи:

-фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на Општина Велес;

-изјава дека барателот и членовите на неговото домаќинство нема искористено право на поврат на средства за набавка на  енергетски ефикасно грејно тело  на друг Јавен повик од било кој извор во Република  Северна Македонија;( изјавата може да се подигне во архивата на општина Велес )

-документ за потврда дека се работи за семејствата со невработен(и) родител(и), корисници на социјална помош, семејства со член од маргинализирана група, инвалидизирано или хендикепирано лице, како и самохран родител.

-потврда за број на членови во семејство и приходи во семејтсвото.

4. ДОПОЛНУВАЊЕ НА БАРАЊЕ

4.1.По известувањето дека апликацијата-барањето на подносителот е прифатена-одобрено и ги исполнува бараните услови погоре неведени истиот треба барањето да го дополни со:

-доказ дека е извршено купување на  енергетски ефикасно грејно тело     и тоа оригинал фискална сметка или фактура и сметкопотврда  со датум во период од денот на објавување најавниот повик до денот на завршување на јавниот повик;

-фотокопија од трансакциска сметка;

-фотокопија од број на поднесено барање до архивата на општина Велес

-потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталирано енергетски ефикасно грејно тело заклучно со 2018 година.

4.2.Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик со назнака до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Велес  за набавка на  енергетски ефикасно грејно тело  “во архивата на Општина Велес, на адреса „Панко Брашнаров бр.1“  секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.

4.3.На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Велес  за набавка на енергетски ефикасно грејно тело   за 2019 година“.

4.4.Архивата на Општина Велес  примените барања ќе ги евидентира со точното време наподнесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

5.НАЧИН НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

5.1.Градоначалникот на Општина Велес  формира Комисија за спроведување на Јавниот повик која ќе ја спроведе постапката во две фази:

– во првата фаза ќе ги разгледа пристигнатите барања и документацијата во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни и

– во втората фаза може да изврши теренски увид кај сите баратели кои имаат доставено уредна и комплетна документација за да утврди дека ги исполниле условите од овој Јавен повик, а особено дека купеното  енергетски ефикасно грејно тело   е инсталирана во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.

5.2.Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторијата во која е инсталирано енергетски ефикасно грејно тело  .

5.3.За пристигнатите и одобрени барања, ќе се води листа со следните податоци:

– име и презиме и адреса,

– датум и час на пристигнатата пријава на Јавниот повик,

– износ на надоместокот за барателот и износ на персоналниот данок на доход.

5.4. Извештај  за одобрени апликации од Комисијата ќе биде објавен на веб страната на општината. Комисијата ќе биде составена од три члена, од редот на членови на Советот и општинска администрација.

5.5.Градоначалникот на Општина Велес  на предлог на Комисијата носи решение за одобрување на барањето и исплата во рок од 30 дена од денот на завршување на Јавниот повик за барателите кои ги исполниле условите од овој Јавен повик.

5.6.Комисијата ги известува барателите во рок од 7 дена од денот на поднесување на барањето доколку немаат уредна и комплетна документација и им ја враќа истата во прилог на известувањето.

5.7.Градоначалникот на Општина Велес  на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршување на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од овој Јавен повик.