Во пресрет на велигденските празнувања, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција упати апел до претставниците на Македонската Православна Црква – Повардарска Епархија и на Исламската Верска Заедница да ги почитуваат законските прописи и препораки дадени од надлежните државни институции и да ги следат позитивните примери за кои новинарите известуваат како тоа го прават западноевропските земји, за да не се доведе во прашање здравјето на верниците кои би оделе во храмовите.