ДОПОЛНИТЕЛНА ПОМОШ ЗА НАЈРАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција извести дека на следната седница на Советот на Општина Велес ќе се направат промени на повеќе Програми од кои ќе се намали финансиската поддршка од повеќе ставки, со цел обезбедување повеќе финансиски средства кои ќе се пренаменат за набавка на опрема за лична заштита, заштитна…

ОДРЖАНА СЕДМАТА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Општинскиот штаб за заштита и спасување денес ја одржа седмата седница на која определи економски оператори – маркети на кои им издаде дозвола за работа и движење во време на забрана на движење за деновите 11 и 12 април (сабота и недела) 2020 година за период од 08:00 до 20:00 часот, со цел достава на…

СЕДНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста дека  следнатa седница на Советот на Општина Велес ќе се одржи по електронски пат. „Владата на РСМ донесе уредба со која се дава можност на градоначалникот да побара свикување на вонредна седница на Советот на општината, како и можност Советот да заседава…

ОПШТИНА ВЕЛЕС – НАЈВИСОКО РАНГИРАНА НА БАРОМЕТАРОТ ЗА ВЕБ ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Општина Велес е највисоко рангирана на Барометарот за веб транспарентност на Центарот за управување со промени (ЦУП) кој се однесува на веб-транспарентност во 2020 година на општините. Во образложението на Центарот за управување со промени (ЦУП) се истакнува дека Општина Велес објавува најмногу информации на општинската интернет страница за работата во рамките на своите надлежности.…

АПЕЛ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ДО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ

Во пресрет на велигденските празнувања, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција упати апел до претставниците на Македонската Православна Црква – Повардарска Епархија и на Исламската Верска Заедница да ги почитуваат законските прописи и препораки дадени од надлежните државни институции и да ги следат позитивните примери за кои новинарите известуваат како тоа…

КОЦЕВСКИ СО БЛАГОДАРНОСТ ДО ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

„Имаме работа со невидлив и многу сериозен противник. Затоа, е важно да ги почитуваме упатствата,  мерките и препораките на државниот Кризен штаб, на Мининистерството за здравство и да постапуваме по нив за побезболно да ја пребродиме ситуацијата. Да останеме дома и да ги преземеме сите мерки за лична и заштита на нашите најмили, а со…

КОЦЕВСКИ ЗА РАБОТАТА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста за досегашните активности, донесените одлуки и заклучоци од одржаните седници на Општинскиот штаб за заштита и спасување при Општина Велес. „Општинскиот штаб за заштита и спасување, во рамки на своите надлежности ги презема сите активности за добро и соодветно да ја менаџира…

ИЗВЕСТУВАЊЕ – ЛАРВИЦИДНО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека во текот на овој викенд (11 и 12 април 2020 година) ќе спроведе ларвицидно третирање против комарци. Во зависност од временските услови, реализацијата на активностите е предвидено да започне утре (сабота), 11 април 2020 година во раните утрински часови. Третирањето го извршува ЈЗУ Центар за Јавно здравје –…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ДО ГРАЃАНИТЕ ОД КАТОЛИЧКА ВЕРОИСПОВЕД

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓаните од сите заедници и во свое лично име, на сограѓаните со католичка вероисповед им го честитам големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување, овој голем христијански празник нè потсетува дека сите во себе носиме љубов и…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА АПТЕКИ „ЕУРОФАРМ”

Почитувани, Со воведување на мерките за заштита и спречување на ширење на CVOID-19 (коронавирус), Аптеки „Еурофарм”  ја известуваат јавноста дека за време на траење на забраната за движење на населението дежурна аптека од аптеките на „Еурофарм” која ќе работи во деновите сабота и недела на територијата на Општина Велес е: Еурофарм Велес 1, улица „8ми…