АМБАСАДОРОТ НА ПОЛСКА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Во официјална посета на Општина Велес денеска беше амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Мариуш Бримора, придружуван од советничката Ана Каспшак, заедно со претседателот на ОМД Гордан Јорданов. Ова е прва официјална посета на амбасадорот на Полска на Општина Велес, на која се запознаа со градоначалникот Марко Колев, воспоставија нови контакти и отворија можности за идна…

87 ГОДИНИ ОД АНТОЛОГИСКАТА ЗБИРКА ПОЕЗИЈА „БЕЛИ МУГРИ“

На денешен ден се навршуваат 87 години од печатењето на „Бели Мугри“, антологиската збирка поезија на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин. Првиот примерок од збирката бил отпечатен во печатницата на Драгутин Шпулер во Загреб, во 1939 година. „Бели Мугри“ содржи 12 песни, распоредени во пет циклуси, напишани на велешки дијалект. Преку едноставен, но…

СЕ ДОГРАДУВА УЧИЛИШТЕТО ВО СЕЛО ИВАНКОВЦИ

Напредува изградбата на училиштето во село Иванковци. Продолжуваат градежните активности за доградба и довршување на училишната зграда на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ . Објектот добива нов лик, учениците и наставниците ќе добијат современ и функционален простор за одржување на воспитно-образовниот процес. Општина Велес продолжува со инвестирање во образованието не само во градот туку и во…

СЕ ПОСТАВИ ТЕМЕЛНАТА ПЛОЧА НА ПОДЗЕМНАТА КАТНА ГАРАЖА

По 24 часовен непрекинат работен процес викендов заврши бетонирањето на темелната плоча на подземната катна гаража во центарот на градот. Градежната механизација и работниците кои континуирано работеа едно деноноќие поставија 1.200 кубни метри бетон, со што заврши уште една фаза од изградбата на овој капитален објект со кој Велес ќе добие подземен паркинг на три…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ВЕЛЕС

Поради технички зафат во среднонапонската мрежа, на 24 ноември 2026 година (вторник) ќе нема електрична енергија во периодот од 07:30 до 15:00 часот и тоа кај сите стопански и кај сите индивидуални и колективни станбени и деловни објекти на езеро Младост, село Новачани, село Сопот и винарија Сопот, фирмите Мебел Ви, Алевадо кабел, Алевадо Енерџи,…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРТСКАТА САЛА „ГЕМИЏИИ“

Напредува реконструкцијата на спортската сала „Гемиџии“. Увид во градежните работи денеска изврши градоначалникот Марко Колев заедно со претседателот на Советот на Општина Велес Даниел Јаневски и пратеникот Игор Здравковски. Старата и дотрајана дограма е заеменета со нови ПВЦ врати прозорци, а во тек е поставување на керамички плочки и уредување на тоалетите и соблекувалните. Финансиските…

НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ И МЕНТОРИ ЗА 2025/2026 ГОДИНА

На манифестација што се одржа во рамки на чествувањето на 9 Ноември, Општина Велес ги награди најдобрите ученици и нивните ментори кои во учебната 2025/2026 година постигнаа државен, меѓународен или олимписки успех. Признанија им додели на 126 ученици и 50 ментори од основните училишта и на 56 ученици и 37 ментори од средните општински училишта.…

90 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МАКЕДОНСКИОТ ХЕРОЈ ГАНЧО ХАЏИ ПАНЗОВ

Денеска се одбележуваат 90 години од загинувањето на Ганчо Хаџи Панзов, македонски револуционер и поет, учесник во Шпанската граѓанска војна. Уште како ученик се вклучува во револуционерното движење на Велес, поради што е исклучен од велешката гимназија. Заминува за Скопје каде го продолжува своето школување во Поштенско-телеграфското училиште, а потоа работи како поштенски службеник. Од…