МЕРКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ВЕЛЕС

Во текот на 2019 година, Општина Велес спроведе повеќе мерки и активности за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во Велес. На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски појасни дека дел од нив се веќе реализирани, додека дел се во фаза на реализирање. Од вкупно обезбедени 550 високо квалитетни дрвја, 440 се…

ОПШТИНА ВЕЛЕС – ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ЗА ОДГОВОРНА И ДОСТАПНА ОПШТИНА ЗА ГРАЃАНИТЕ

Со својата транспарентност и отчетност во работењето на Советот на Општина Велес, како и директниот пренос на седниците на социјалните мрежи, но и навременото објавување на информациите на интернет страницата, Општина Велес беше посочена како позитивен пример која се вбројува во редот на одговорни и достапни општини за жителите на Општина Велес. Овие примери беа…

Мониторинг станицата Велес 2 повторно ги мери PM10 честичките

Општина Велес ги известува граѓаните дека од денес 18.12.2019г. мониторинг станицата Велес 2 лоцирана во населба Тунел, а која е дел од Државниот мониторинг систем започна да ги мери PM10 честичките во амбиентниот воздух. Инструментот за мерење на суспендирани честички за PM10 беше во дефект од 11.07.2018г. до денес. По бројните реакции на јавноста и…

ПОДОБРУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ВЕЛЕС

Над пет илјади граѓани од Општина Велес ќе имаат придобивки од реализацијата на проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“ чии почетоци беа денес официјално означени од страна на Хабитат Македонија – организација лидер на проектот. На денешната презентација што се одржа во просториите на Хабитат Македонија во Скопје, заменик директорката за програмата на Хабитат…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани граѓани, Ве известуваме дека во наредните два месеци ќе се изведуваат градежни работи на локацијата на ССОУ “Јовче Тесличков“, во однос на реализација на инвестициски проект Реконструкција на кров на ССОУ “Јовче Тесличков“. Градежните активности ќе се одвиваат согласно Основен проект за реконструкција на кров на ССОУ Јовче Тесличков Велес, со техн.бр.103/2016 од октомври…

ЧЕСТВУВАЊЕ НА РАЦИН – РАЦИНОВИ ДАМАРИ

По повод 22 декември, одбележувањето на 111-годишнината од раѓањето на великанот Коста Солев Рацин и одбележувањето на 80-годишнината од излегувањето од печат на легендарната стихозбирка „Бели мугри”, денес во просториите на Општина Велес беше организирана свечена вечер под наслов „Чествување на Рацин – Рацинови дамари”. Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски,…

АКЦИЈА „АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЧИСТИ“ – СОБРАНИ 80 М³ ОТПАД

Стотици административци од Велес денеска се вклучија во акцијата „Администрацијата чисти“ која се спроведува низ целата држава. Административните службеници од Општина Велес, локалните институции, јавните претпријатија и подрачните единици на државните институции со помош на ЈКП „Дервен“ го собираа сметот оставен од несовесните граѓани на јавните површини и околу стамбените објекти. Акцијата која се реализираше…

Општина Велес се вклучува во државната акција Администрацијата чисти

На ден 14.12.2019 година (сабота) од 09.00-12.00 часот во Општина Велес ќе се спроведе државната акција “Администрацијата чисти”. Ќе се чисти на сл. локации: •Излез од Велес кон Башино село Зборно место: проширување на патот спроти ВЕТЕКС •Од Агенција за вработување до некогашен Пензионерски дом и двор на некогашното училиште ЈХК Џинот Зборно место: задна…

ЈАВЕН ПОВИК НОВОГОДИШНА ИЛИУМИНАЦИЈА

Ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во уредувањето на сопствените објекти во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Согласно, Одлуката за востановување награда за најуспешна празнична илуминација донесена од Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.16/09) ќе се доделува НАГРАДА во 3 категории: – Најубаво уреден осветлен излог, – Најубаво уреден-осветлен…