К О Н К У Р С за делегирање надлежност за организирање и реализирање на културната манифестација „Насмеј се!” на здружение на граѓани

Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културната манифестација „Насмеј се!“. Манифестацијата е маратон на театарски комедии, претстави и перформанси кои освен во театарски простор може да се…

К О Н К У Р С за делегирање надлежност за организирање и реализирање на културната манифестација „Фестивал на џез, ворлд и современа музика” на здружение на граѓани

Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културната манифестација „Фестивал на џез, ворлд и современа музика“. Финансиските средства во висина од 300.000,00 денари за делегираната надлежност се  обезбедени…

К О Н К У Р С за делегирање надлежност за организирање и реализирање на културните манифестации „59. Рацинови средби” и „55. Детски Рацинови средби” на здружение на граѓани

Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културните манифестации: „ Рацинови средби” и „ Детски Рацинови средби”. Финансиските средства во висина од 690.000,00 денари за делегираната надлежност се …

НОВА ОПРЕМА ЗА ТППЕ ВЕЛЕС, ДОНАЦИЈА ОД ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Донација што се состои од сет ситем за спасување од големи сообраќајни несреќи и еден сет за спасување од поплави, доби денеска Територијалната противпожарна единица Велес. Опремата во вредност од околу 50 илјади евра ја донираше Дирекцијата за заштита и спасување. Градоначалникот Марко Колев изрази голема благодарност за донацијата но и за досегашната и идна…

ЈАВЕН ПОВИК за користење на простории сопственост на Општина Велес од страна на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес

Комисија за распределба на простории сопственост на Општина Велес на невладини организации, здруженија на граѓани и фондации при Советот на Општина Велес на ден  22.03.2022 година, објавува   ЈАВЕН ПОВИК  за користење на простории сопственост на Општина Велес од страна на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес   1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК   1.1.…

„САКАЈ ГО ВЕЛЕС“

Велес е најубав кога е чист! Со таква мисла денес, на првиот ден на пролетта, ја започнавме еко-акцијата во која градоначалникот Марко Колев зема учество заедно со вработени од општинската администрација и јавното комунално претпријатие Дервен, советниците од Општина Велес, ученици од основните и средните училишта, Општинската организација на Црвен крст, претставници од градинката „Димче…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ЈКП ДЕРВЕН

Соработката и координацијата помеѓу ЈКП Дервен и Општината како основач на претпријатието е од клучно значење за подобрување на животот на велешани од повеќе аспекти. Токму затоа градоначалникот Марко Колев денес одржа работна средба со директорот на комуналното претпријатие, Горанче Наунчев и раководителите на секторите, на која разговараа за тековни активности, видливо подобрената хигиена во…

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ

Квалитетното образование е предуслов за добра иднина, поради што од исклучителна важност е соработката на Општината со образовните институции. Токму затоа, градоначалникот Марко Колев денес заедно со ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, г-дин Аце Миленковски, потпишаа меморандум за деловна соработка, преку кој во иднина ќе се градат заедничките цели, интереси и…

ВЕЛЕС ИМА БАЛКАНСКИ ШАМПИОН

Огромно е задоволството кога слушаме за спортски успеси на балкански манифестации, но гордоста е уште поголема кога златниот медал ќе се врати токму во Велес. Трајче Илијевски, човекот кој го освои првото место за атлетска трка на 3000 метри на Балканското ветеранско првенство во сала кое се одржа во Словенија и се закити со титулата…

Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на проектот ReLOaD 2 во Општина Велес

Општина Велес во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на проектот ReLOaD 2 во Општина Велес. Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) е продолжение…