КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА ВО ЧЕСТ НА АКАДЕМСКИОТ СЛИКАР АНГЕЛ ПЕТРОВ

По повод смртта на академскиот сликар и професор во пензија, Ангел Петров, утре (понеделник), 6 јули 2020 година, со почеток во 09:30 часот, во просториите на Општина Велес (Голема сала), ќе се одржи комеморативна седница. Воедно, ќе биде отворена и книга на жалост во која може своето сочувство да го изразат сограѓаните и почитувачите на…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ – РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека во понеделник, 6 јули 2020 година започнуваат градежни работи за реконструкција на оштетениот дел од улицата „Св. Кирил и Методиј” кој беше оштетен од минатонеделните поројни дождови. Градежните работи ќе се изведуваат во должина од околу 50 метри, а ќе се реконструира целата ширина на улицата, започнувајќи од…

УМЕТНОСТ НА ВЛЕЗОТ ВО ВЕЛЕС

Младиот уметник Давор Кешќец од Скопје е автор на уметничко дело кое ќе го краси муралот на влезот во Велес. Како што денеска соопшти градоначалникот Аце Коцевски,  муралот ќе биде создаден на  бетонскиот ѕид на влезот во Велес, на кружниот тек под Спомен-костурницата. Муралот ќе се создава на површина од 86 метри во  должина и…

ПРВОТО DRIVE IN CINEMA ВО ВЕЛЕС

Како што информираше на денешната прес конференција градоначалникот Коцевски, идејата за организарање на првото Drive in cinema од отворен карактер во нашата држава е резултат на креативноста на група млади ентузијасти, кои сакаат со иновативни идеи да придонесат разни можности за рекреација и забава на младите, па и на повозрасните сограѓанки и сограѓани оваа летна…

ПРОСТОРИЈАTA ЗА ЗЕМАЊЕ БРИСОВИ НА ДРУГА ЛОКАЦИЈА

Поради одржувањето на предвремените парламентарни избори, просторијата наменета за земање на брисови на можни заболени од Ковид-19, од старата зграда на ООУ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, времено ќе биде преместена во објектот на поранешниот хотел „Вила Зора” (Пензионерски Дом), каде продолжуваат активностите за земање на брисови од страна на Центарот за јавно здравје –…

СОСТОЈБАТА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 3 ЈУЛИ 2020

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја информираше јавноста за најновата епидемиолошка состојба поврзана со Ковид-19 во градот и околината, како и за заклучоците од деветнаесеттата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Во Велес и велешко до денес има вкупно 189 заболени лица, излечени се 136, активни 40 и…

ОДРЖАН ВТОРИОТ СОСТАНОК НА ОРГАНИЗАЦИСКИОТ ОДБОР НА „РАЦИНОВИ СРЕДБИ”

Организацискиот Одбор на 57. меѓународна културна манифестација „Рацинови Средби” ја одржа втората седница, во проширен состав, на која присуствуваа и надворешните соработници Сашо Димоски, театролог и вршител на должност директор на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” и Игор Крајчев, поет, соопшти пред јавноста градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. „Во конструктивен разговор, работната група…

СТОРИТЕЛИТЕ НА ПОЛЕСНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА ВКЛУЧЕНИ ВО ЗАЕДНИЦАТА ПРЕКУ ВРШЕЊЕ ОПШТОКОРИСНА РАБОТА

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес оствари работна средба со Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување на санкции, при што потпишаа Меморандум за соработка кој ја утврдува взаемната соработка на двете институции при извршувањето на општокорисната работа на осудените возрасни лица согласно пресудата на Основниот суд како вид на алтернативна мерка. Овој документ…

ОДБЕЛЕЖАНИ 19 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ОЛИВЕР КИТАНОВСКИ

Делегација од општинската администрација, како и пријатели и колеги на младиот бранител, припадник на единицата за специјални задачи „Тигар”, Оливер Китановски, денес во Башино Село на спомен-обележјето и на вечното почивалиште му оддадоа почит и положија свежо цвеќе. Со тоа беа одбележани деветнаесет години од смртта на Китановски, кој постхумно е одликуван со Медал за…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ – БЕТОНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БОГДАН ПРЛИЧКОВ”

Општина Велес ја известува јавноста дека од утре, 30 јуни 2020 година ќе започнат градежните работи за бетонирање на дел од улицата „Богдан Прличков” во должина од околу 190 метри. Поради малата ширина на улицата, не постои можност за истовремено одвивање на сообраќај по улицата  и напоредно изведување на работите. Поради тоа се известуваат граѓаните…